Дали ви недостасува витамин Д?

Некои истражувања покажаа дека недостаток на витамин Д влијае на дури милијарда луѓе ширум светот.

Недоволно изложување на кожата на сонце придонесува за ова, како и недоволна консумација на храна богата со овој витамин.

Витаминот Д се состои од 7 витамини кои се синтетизираат во кожата под влијание на сонцето, а најмногу се наоѓа во рибино масло, млечни производи, месо, печурки и жолчка од јајце.

Овој витамин игра важна улога во одржувањето на концентрацијата на калциум во нашето тело, придонесува за зајакнување на коските и здравјето на забите, како и за зајакнување на мускулниот тонус.

Следните симптоми укажуваат на недостаток на витамин Д во организмот:

Кревки коски

Телото престанува да гради коскена маса околу 30-та година од животот, а недостаток на витамин Д ги забрзува симптомите на остеопороза. Луѓето со недостаток на витамин Д во организмот се повеќе склони кон фрактури на коските отколку луѓето кои немаат недостаток на тој витамин.

Заедно со неговата способност да гради коски, витаминот Д исто така ги зајакнува мускулите. Силните мускули спречуваат паѓања, кои честопати се причина за попреченост, па дури и смрт кај постарите лица.

Честа болка во коските

Суптилна, но постојана болка во коските и зглобовите може да биде резултат на болести како што се артритис, остеомалација или фибромијалгија. Сепак, недостаток на витамин Д исто така може да биде причина за ова непријатно чувство.

Лошо расположение

Клиничката депресија во повеќето случаи е директно поврзана со недостаток на витамин Д. Иако нема јасни докази за тоа, експертите сметаат дека недостаток на витамин Д влијае на лачењето и количината на хормонот серотонин, кој го одредува расположението.

Претерано потење

Прекумерното потење има низа причини, а една од нив е недостаток на витамин Д во организмот.

Слабост и замор

Дали се чувствувате уморни и слаби дури и по квалитетен осумчасовен сон? Можеби страдате од недостаток на витамин Д. Не само железото е одговорно за јачината на организмот, туку и овој витамин. Добрата вест е дека мускулите брзо се обновуваат и дека со конзумирање храна што содржи витамин Д можете да го подобрите мускулниот тонус.

Прочитајте и: Поради нив имунитетот може драстично да ослаби: Дали и вие ги имате овие навики?

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.