Поради нив имунитетот може драстично да ослаби: Дали и вие ги имате овие навики?

Истражувањата докажале

Фото: Pixabay

Сите ги правиме, а не сме ни свесни за тоа

Во овој период, кога епидемијата на коронавирус е во полн ек, силниот имунитет е приоритет. Дали сте знаеле дека одредени навики и некои емоции можат да го нарушат имунолошкиот систем и да го направат телото помалку отпорно на болести и вируси?

За телото да може да се одбрани, неопходно е редовно вежбање, доволно сон и доволно витамини.

Покрај тоа, пожелно би било да ги искорените следниве навики и да поработите на емоциите…

1. Долго седење

Отсуството на физичка активност нè прави помалку отпорни, но и подолго болни ако нè нападне вирус. Едно истражување објавено во британскиот Журнал за спортска медицина покажало дека инфекциите на респираторниот тракт траеле 42% подолго кај луѓе кои не вежбале и имале појаки симптоми од оние што правеле аеробни вежби пет пати неделно.

2. Склони сте на стрес

Не е лесно да се остане имун на стресни ситуации, но доколку сакате добро здравје мора да научите подобро да се справите со нив. Константната изложеност на стрес може да направи вистински хаос во организмот.

Истражување објавено во журналот Proceedings of the national academy of sciences покажало дека луѓето што се изложени на долгорочен стрес имаат поголеми шанси да настинат.

3. Осаменост

Петгодишно истражување покажало дека луѓето што се чувствуваат осамено се поподложни на вируси и настинки. Осамените поединци имаат повисоко ниво на хормонот норепинефрин. Овој хормон го поттикнува телото да произведува бели крвни клетки кои се борат против повреди и оштетувања, но истовремено го забавува делот од имунолошкиот систем што се бори против вируси.

Кога ќе се почувствувате осамено или тажно, јавете им се на пријателите или на некој член од семејството. Тоа е најдобриот начин да го зајакнете имунолошкиот систем. Поддршката на саканите во овој момент е од исклучително значење.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.