Феноменален трик: Направете го ова навечер пред спиење и ќе се разбудите со совршени кадрици! (ВИДЕО)

Фризура како од салон

Ќе се изненадите од тоа колку е лесно да се направи совршена фризура

Секоја жена сака да има совршена фризура, но ниту една дама не сака да троши со часови на стилизирање или на одење во некој салон. Освен што одзема време, потребни се и многу пари.

Верувале или не, со овој мал трик, секое утро ќе се будите со совршени кадрици и тоа без многу труд. Додека вие спиете, фризурата сама ќе се направи.

Сè што треба да направите е малку да ја намокрите косата, од средината кон краевите и да нанесете малку пена. Потоа, завиткајте ја косата во висока пунџа, а врз неа можете да ставите кеса или капа за туширање, за да не ви се растури во текот на ноќта.

Доколку имате сунѓер за правење пунџи, секој прамен завиткајте го околу него за кадриците да бидат подобри.

Утредента само пуштете ја косата и растресете ја малку. Фризурата направена на овој начин секогаш излегува феноменално.

Во видеото погледнете го деталното објаснување…

Овој трик е одличен за дамите што имаат малку подолга коса, додека на пократка коса нема да даде најдобри резултати, велат фризерите.

Покрај тоа што ќе се разбудите со совршена фризура, врзувањето на косата во пунџа е добро од уште 2 причини. Косата помалку се крши, што се случува за време на превртувањето во сон и ќе го спречите електрицитетот што настанува во текот на спиењето.

Фризерите пресудиле: Ова ќе биде најпопуларната фризура во 2021-та година!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.