Најдобриот похуван карфиол: Тајната е во оваа состојка што се додава наместо презла! (ВИДЕО)

Пробајте, ќе бидете воодушевени

Во смесата за похување, додајте кашкавал и ќе го направите најдобриот похуван карфиол!

Дури и оние што не сакаат карфиол, кога ќе го пробаат приготвен на овој начин, ќе се воодушеват. Наместо презла, во смесата за похување додајте кашкавал, па извалајте го карфиолот. Доволно е да го послужите со салата за вечера или појадок, но може и како прилог со некое месо.

Состојки:
  • 500 г карфиол
  • 2 јајца
  • 30 г брашно
  • 100 г рендан кашкавал
Приготвување:
  • Кратко обарете го карфиолот во зовриена вода, па процедете го.
  • Изматете ги јајцата, па додајте брашно и рендан кашкавал.
  • Добро промешајте.
  • Извалајте го карфиолот во смесата со јајца и пржете го во врело масло.

Погледнете го видеото за подетални упатства…

Нов веге-тренд: ШНИЦЛИ ОД КАРФИОЛ
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.