Нов веге-тренд: ШНИЦЛИ ОД КАРФИОЛ

Крцкаво, златно совршенство

Најдобро од сè е тоа што рецептот е неверојатно едноставен! Ќе добиете крцкаво, златно совршенство: ако врз шницлите на овој главучест зеленчук додадете куркума.

Потребно (за 4 лица): главица карфиол, 1 лажица маслиново масло, 1 лажица куркума во прав, сол и црн пипер.

Прочитајте и: Похуван карфиол од рерна: Без грам маснотии!

Приготвување: измијте го карфиолот, па оставете го да се исуши. Загрејте ја рерната на 220 степени. Отстранете ги листовите и стеблото од карфиолот, па исечете го на шницли со дебелина од 1 до 2 см. Наредете ги шницлите во тепсија обложена со хартија за печење, зачинете ги со маслиново масло и зачини и печете ги 20-тина минути (со едно вртење!) додека добијат златно-кафена боја.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.