Кејт, Меган и Џеј Ло полудеа по овие панталони: Секоја жена може да ги купи, феноменално ги истакнуваат облините!

Летен моден тренд

Тие се вистински тренд летово, а еве како ги носат познатите дами

Кога поп-ѕвезда и две војвотки ќе се согласат околу ист тренд, можете да бидете сигурни дека тука нема грешка.

Џенифер Лопез била фотографирана во центарот Авра Рокфелер на забава по повод нејзиниот нов документарец на Нетфликс, со наслов Halftime. Носела пар лежерни бели панталони, комбинирани со бела маица и бело сако, поради што нејзиниот стајлинг веднаш потсетил на оној на Меган Маркл и Кејт Мидлтон.

Имено, Меган на отворањето на игрите Invictus во април носела сличен предимензиониран бел костим.

Додека, пак, Кејт својата верзија на широки бели панталони ја носела на кралската турнеја на Карибите во март.

Освен тоа, ТикТок врие од модни фанатици што носат токму широки бели панталони. Лесниот материјал и опуштениот крој е идеален за лето, а изгледа елегантно за сите пригоди, од дневни до вечерни. Па така, ако ова лето имате некоја важна прослава – ова е задолжителното парче за впечатлив стајлинг.

Холандската кралица ги носи најмодерните панталони ова лето: За миг симнуваат 10 кг, ја издолжуваат ставата и истовремено се елегатни и кежуал (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.