Магија во кујната: Направете полнети цветови од тиквички!

Рецепт на Теа Трповска

Пробајте го ова вкусно предјадење

Инстаграм-профилот на Теа Трповска @teatrpovska изобилува со вакви креативни и вкусни рецепти. Нека ви послужи како инспирација! А најпрво пробајте ги нејзините полнети цветови од тиквички!

Состојки:
  • 4 цвета од тиквички
  • 300 г сирење рикота
  • 1 лажица сирење маскарпоне
  • 2 чешниња лук, истолчени
  • сол и бибер
  • масло за пржење

За похување:

  • 1 шолја пченично брашно
  • 1 шолја ладна вода
Приготвување:

1. Наполнете ги цветовите од тиквичките со приготвениот фил.

2. Секој цвет потопете го во смеса од брашно и вода и пржете го во врело масло.

3. Пржете ги во врелото масло додека поруменат.

4. Послужете ги како предјадење.

Добар апетит!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.