Добар сон за добар живот

Со програмата за спиење „Филанд“ ќе се будите среќни, со насмевка на лицето

Од година на година производствената технологија станува сѐ понапредна и донесува сѐ подобар дизајн на душеците, наддушеците и перниците. Во последните две децении е забележан најголемиот развој на конструкцијата и дизајнот на душеците.

Компанијата „Филанд“ се води од потребата на модерниот човек да си обезбеди добар и квалитетен сон како основен предуслов за добар и здрав живот. Свесни за оваа потреба, како и за фактот дека дневната ефикасност на секој од нас зависи од квалитетниот одмор во текот на ноќта, произведуваат душеци, наддушеци и перници што ќе ги пресретнат сите индивидуални потреби на нашите клиенти.

Преку ортопедската поддршка на производите од нивната медицинска програма за спиење се превенираат здравствени проблеми, а решение за себе ќе пронајдат и лицата што веќе имаат проблеми со коскено-зглобниот систем.

МАКСИМАЛНА УДОБНОСТ ВО ТЕКОТ НА НОЌТА

Најважна карактеристика на медицинските душеци „Филанд“ се исклучителните анатомски својства, кои осигуруваат правилно распоредување на телесната тежина врз површината на душекот. Максимална удобност и удобен сон во текот на целата ноќ, без болки во раменици и во грбот, ви овозможуваат најсовремените еластични типови на пената Sky Cell.

Посебно внимание треба да им се посвети и на навлаките на душеците „филанд“, кои благодарение на својот состав осигуруваат спроводливост на воздухот и влагата, а може да имаат и посебни антиалергиски, антибактериски и други својства, кои придонесуваат за мирен и пријатен сон.

Најквалитетните материјали, иновативноста и следењето на современите трендови во производството, како и во областа на здрав сон, ги прават душеците на „Филанд“ олицетворение на луксузен пристап кон животот.

СИНОНИМ ЗА КВАЛИТЕТ, УДОБНОСТ И ЗА СТИЛ

Фирмата „Филанд“, благодарение на добрата соработка со клиентите, приспособувањето на производите на желбите и на потребите на своите муштерии, стана синоним за квалитет, удобност и за стил.

Директно во фабриката „Филанд“, во индустриска зона Добрашане, во Куманово, можете да го погледнете комплетниот асортиман на душеци, наддушеци и перници. Бесплатна достава на душеци или при голема нарачка. Изберете, консултирајте се со нас и вашиот производ ќе го добиете на домашната адреса.

За повеќе информации за понудата на душеци, наддушеци и перници контактирајте со стручниот тим на „Филанд“.

Е-пошта: filandkumanovo@yahoo.com

Тел.: +398 31 418 781, +389 75 480525

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.