Спијте здраво во убава и удобна спална соба

Златни правила за квалитетен сон

Значајот на добар и квалитетен сон е познат на сите кои се разбудуваат уморни, со чувство дека немаат спиено цела ноќ. Последните истражувања спроведени во Америка покажаа дека мноштво луѓе спијат ноќе помалку од шест часа и дека 75 проценти од нив се разбудува неколку пати во текот на ноќта и дека кошмарни снови имаат и деца и возрасни.

СРЕДЕТЕ ЈА СОБАТА

Спалната соба треба да биде чиста, уредна и проветрена, без премногу мебел. Затоа е неопходно да создадете пријатно окружување за добар сон. Топлите тонови, како и нежни пастелни нијанси на зелена, сина и лилава боја совршени се за спалната и затоа тие треба да доминираат, било да станува збор за ѕидовите, мебелот или деталите. Слики и фотографиите избирајте ги така да во Вас будат пријатни чувства. Од спалната соба тргнете ги саксиите со цвеќе бидејќи оно во текот на ноќта трошат кислород. Доколку имате чувство дека Ви е студено или не можете да спиете поред прозорците, собата добро проветрете ја пред спиење.

ИЗБЕРЕТЕ ВИСТИНСКИ ДУШЕК

Едноставен дрвен кревет и квалитетен душек основни се предуслови за добар сон. Изборот на душекот треба да посветете посебно внимание и затоа не купувајте на брзина и непромислено. Оние кои се квалитетни не се евтини, но секако би требало да посетете повеќе продавници. Консултирајте се со трговците, испробајте повеќе модели и проценете сами дали Ви одговара помек или потврд душек, со езгро од жици или брез нив.

Душеците направени од најсовремени материјали одлично се прилагодуваат на телото, во нив не се размножуваат габичките, бактерии и прашина, па спиењето на нив извонредно здраво и удобно. При купувањето почитувајте го правилото: флексибилни штици – помек душек, плоча – потврд душек.

ИСПРОБАЈТЕ ГИ ПЕРНИЦИТЕ

За добар и мирен сон потребна Ви е квалитетна перница. Никој освен Вас не може да процени што Ви најмногу одговара, па е затоа добро пазарувањето да го направете во некоја поголема продавница во која ќе можете да ги испробате на креветот. Доколку имате проблем со алергии, изберете перница со анти алергиско полнење и навлака.

Квалитетни душеци и перници можете да најдете во Magniflex. Нивната тајна е во мемори пената, а производите имаат гаранција и до 15 години. Повеќе информации можете да најдете на 07870022 или на www.magniflex.com.mk. 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.