Во мисија да обезбеди удобност и квалитетен сон за сите 20 години „Дормео“

Од еден душек до глобален бренд за спиење.

Приказната на „Дормео“ започнува само со еден производ – душек. Дизајниран во 2002 година во Италија, првиот душек „Дормео“ бил изработен од екоцел-пена, материјал познат по својата еластичност и неверојатна поддршка за ‘рбетот за време на спиењето.

Портфолиото на „Дормео“ расте брзо и денес вклучува над 600 производи за квалитетен сон. Веќе во 2011 година, „Дормео“ ги лансира пружините Octaspring®, кои овозможуваат динамично приспособување на обликот на телото и обезбедуваат постојан проток на воздух низ душекот.

Брендот наскоро се лансира на светскиот пазар и денес е меѓу најдобрите брендови за квалитетен сон.

Во мисија да обезбеди подобар сон

Откога го лансира својот прв душек, мисијата на „Дормео“ е да ги трансформира животите на луѓето кон подобро, со тоа што ќе обезбеди подобар и поквалитетен сон.

Денес, над 14 милиони луѓе низ светот спијат на душеци, наддушеци и перници од „Дормео“.

Сонот е суштинска компонента за добро здравје и енергија и затоа „Дормео“ постојано ја издига свеста за важноста на сонот врз здравјето.

Добриот сон и доброто здравје одат рака под рака

Спиењето го закрепнува имунолошкиот систем, првата линија на одбрана на нашето тело против вируси и бактерии, го инхибира лачењето кортизол, хормонот на стрес во нашето тело, го стимулира ослободувањето на хормоните за раст, кои градат силни коски, произведува црвени крвни клетки и им овозможува на ткивата да се лекуваат сами.

За време на спиењето, бубрезите, белите дробови и црниот дроб се детоксицираат, а кожата повторно се хидрира. Понатаму, спиењето влијае на креативноста, меморијата и решавањето проблеми. Тоа помага да ги организираме нашите мисли во кохерентни структури и овозможува брзо враќање на информациите.

Списокот на придобивки продолжува и продолжува, но накратко… спиењето ги лекува нашите тела и умови.

Спиењето е решение што треба да биде на врвот на приоритетите на секого од нас, а „Дормео“ им помага на луѓето да имаат квалитетен сон и да го дополнат своето битие на сите нивоа – тело, ум и душа.

Затоа веруваме дека вреди да ја посетите роденденската страница на „Дормео“, да ги откриете сите роденденски понуди и да инвестирате во здрав сон уште денеска.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.