Изминатите 17 години, Ординација д-р Анчевски воведе методи и техники кои беа и останаа единствени во Македонија

Иако 17 години не е јубилејна година, за нас во „Ординација д-р Анчевски“ секој 15 ноември е јубилеј.

Успешната приказна за ординација д-р Анчевски започна пред 17 години во време кога дерматологијата во приватниот сектор скоро да не беше воопшто застапена. Идејата на сопствениците, проф. Љубица Шутуркова и проф. д-р Александар Анчевски беше првпат во нашата земја да се обезбеди сеопфатност на услуги, кои би интегрирале дерматологија и естетика на начин по пример на развиената дерматологија во западниот свет.

Нашата визија беше да станеме лидери во дејноста, признаени од страна на пациентите – клиентите, како и од колегите лекари како најдобро место да се добие здравствена услуга за било која состојба на кожата. Како резултат на тој пристап зад себе имаме повеќе од 120.000 задоволни пациенти од земјава и странство.

Стручниот тим е составен од специјалисти дерматолози кои се обучувани во познати светски центри и постојано се надградуваат во своето професионално поле.

Ординацијата се состои од три дела: центар за дерматологија со дерматохирургија, естетско-корективна дерматологија со ласер-центар и центар за нега и третмани на коса. Во изминатите 17 години „Ординација д-р Анчевски“ воведе методи и техники кои беа и останаа единствени во Македонија.

Во делот на дерматологијата се спроведуваат прегледи и терапија на сите кожни заболувања, дијагностика и третмани на периферни крвни садови, алерголошки тестирања, компјутеризирана дерматоскопијa.

Во ординација „Д-р Анчевски“ има можност за отстранување различни кожни промени на два начина, со класична дерматохируршка техника и со радиобранова технологија.

Од пред десетина години го отворивме и нашиот центар за коса каде што се вршат прегледи и дијагностика на сите состојби и проблеми поврзани со косата и скалпот. Во центарот се спроведуваат третмани за обновување и раст на косата, третмани за оштетена коса, третмани за нега на сува и масна коса, кршлива коса, коса со првут, ласерски третмани на коса, мезотерапија, PRP (platelet-rich plasma) за спречување на опаѓање на косата, како и најнова мезотерапија со лекови за андрогенетска алопеција.

Споредувајќи ја состојбата пред 17 години и сега, впечаток е дека во Македонија денес луѓето многу повеќе се отворени за естетските и козметичките третмани кои некогаш беа табу-тема.

Естетската дерматологија ја промовираме и ја работиме успешно од самото отворање. Тоа е поле кое најбргу се развива и ние го следиме во чекор со светските збиднувања и најновите техники.

Во делот на естетската дерматологија работиме современи процедури за корекција на брчки и моделирање на лице со ботокс, различни типови на филери според индивидуалните потреби (филери за моделирање и пополнување на усни, јагодици, образи, врат, раце, филери за корекција на подочници, за корекција на нос), како и освежување со мезотераписки коктели, пилинзи, PRP  и комбинација на повеќе ласерски техники.

Да ги спомнеме и радиес и скулптра, кои пополнуваат и стимулираат создавање нов колаген, а ексклузивно се користат во ординација „Д-р Анчевски“.

Ординација д-р Анчевски исто така нуди широка палета на услуги со примена на најсовремена ласерска технологија. Отстранување влакна со најефикасниот диоден ласер Sopano Ice Platinum, затегнување на кожата на лицето и вратот со Clearlift технологија (хит во САД), корекција на лузни од акни со Erbium, Pixel и Blue Light, отстранување тетоважи со Q-switch, отстранување пигментации со DYE laser и Q-switch, отстранување црвенило, проширени капилари и хемангиоми на лице и тело со Dye laser, затегнување кожата на лице и тело, топење масти и целулит со BTL Exilis, третирање габични инфекции на нокти со Q-switch.

Ласерскиот центар од неодамна се збогати со уште еден успешен третман со NIR технологија за освежување и рејувенација на лице и врат или т.н. Пепелашка третман. Тој дава брзи резултати  и идеално се надополнува со Clearlift третман за постигнување колагена стимулација, која трае долго. Засега овие техники се единствени во Македонија.

Следејќи ги најновите технологии во естетската дерматологија, набавен е апаратот JET PEEL, чии третмани се базираат на ексклузивната јет-технологија, која го комбинира кислородот со различни течности во специјално патентирани канили за генерирање тенки јет-млазеви, кои движејќи се со субсонична брзина (200 м/сек.) и под голем притисок, навлегуваат во кожата на длабочина до 4,5 мм. На овој начин, со многу моќен, но сепак нежен млаз, без игла, се постигнува трансдермална инфузија на различни супстанции потребни за процесот на освежување и регенерација на кожата.

Ласерското отстранување влакна на почетокот беше со скромен број на пациенти, но низ годините бележиме постојан раст. Сметаме дека тоа се должи поради постојано набавување нов најсовремен ласер за епилација. Нашиот Soprano Ice Platinum ласер е најнова технологија, која го уништува влакнениот фоликул со трипла-технологија и најблиску доаѓа до уништување на светлите влакна од сите досега познати ласери.

Во последно време, третманот е се повеќе присутен и кај машката популација. Нагорен тренд како кај жените така и кај мажите забележлив е кај третманите за нехируршки лифтинг со филери и ботокс што е резултат на широката палета продукти со врвен квалитет и дизајниран според индивидуалните потреби на клиентот, како и професионалноста на докторите во ординацијата.

17 години сме им посветени на здравјето и убавината на нашите пациенти. Нашиот став е да продолжиме и во иднина, најпрофесионално да се грижиме за клиентите, да бидеме во чекор со светските трендови, да вложуваме во новите технологии, како и понатамошно усовршување на кадрите, за да продолжи и понатаму да расте бројот на задоволни клиенти.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.