Развод полош од кошмар: Пејачката му плаќа алиментација на бившиот, а ја тужел дури и свекорот!

На маките им нема крај

Иако се официјално разведени, поранешниот сопруг на американската пејачка Кели Кларксон, Брендон Блексток, никако да ја остави на мира

Американската пејачка Кели Кларксон (40) се разведе од сопругот Брендон Блексток во 2020 година по седум години брак, за време на кој добија две деца, ќерката Ривер Роуз и синот Ремингтон Александар, а бракоразводната парница била прилично мачна и траела две години.

Брендон тогаш добил неверојатна сума од 3,1 милиони долари, а пејачката му исплаќа и месечна алиментација од 45.000 долари, додека добиле заедничко старателство над децата. Сега децата живеат со неа во Лос Анџелес, а парите и понатаму пристигнуваат на сметката на Брендон.

Првата победничка на Американскиот Идол во 2002 година веќе некое време дава сè од себе за да продолжи со животот по разводот, но нејзиниот поранешен сопруг никако да ја остави на мира.

Изгледа дека сака да ја враќа назад на суд кога и да му се укаже можност за тоа, но како што стојат работите, конечно би можел да дојде крајот на тоа.

Долго ја одложувал преселбата од нејзиниот ранч во Монтана, но медиумите сега потврдуваат дека поранешниот музички менаџер конечно ја напуштил својата резиденција.

Имено, постоел судски налог според кој неговото напуштање морало да се случи до 1 јуни, што тој наводно не сакал да го направи, но на крајот попуштил.

Прашањето што сега ги загрижува пејачката и јавноста е тоа зошто Брендон не се повлече и не ја остави да го живее својот живот.
Имено, тој верува дека не добил праведен удел во бракоразводната спогодба и не престанува да бара уште пари.

Разводот бил прилично тежок, а во еден момент и нејзиниот поранешен свекор, Нарвел Блексток, ја тужел Кели со неговата менаџерска компанија Starstuck Management Group, тврдејќи дека пејачката не му исплатила надомест за работите што ги вршеле за неа, но тоа толку ја изнервирало пејачката што возвратила со контратужба, објаснувајќи дека компанијата, всушност, не работела за неа, туку дека работела без потребните дозволи.

И покрај сè, кога таа конечно ќе го продаде ранчот во Монтана, што со години се обидува да го направи, Брендон ќе добие околу 908.800 долари, бидејќи имотот вреди околу 17.750.000 долари, благодарение на тоа што во бракоразводната спогодба  се изборил да му припаднат 5,12 отсто од земјиштето.

Сега многумина се прашуваат кој ќе биде следниот чекор на Брендон, со оглед на тоа што го изгубил последниот музички клиент минатата година, откако Блејк Шелтон застанал на страната на Кели Кларксон за време на бракоразводната парница.

Тој тогаш на суд рекол дека сега станува ранчер, но без ранчот на пејачката, тоа е план што тешко ќе го реализира.

10 разводи на славните личности што одекнаа како „гром од ведро небо“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.