10 разводи на славните личности што одекнаа како „гром од ведро небо“

Никој не ни претпоставуваше дека еден ден ќе се разведат...

Не е реткост славните личности постојано да почнуваат врски и да раскинуваат, да стапуваат во брак и да се разведуваат, но некои славни парови изгледаат толку добро заедно што воопшто не би ни помислиле дека ќе се разделат.

Но некогаш луѓето се оддалечуваат, имаат проблеми, па без разлика колку биле вљубени на почетокот, сфаќаат дека не можат да продолжат заедно.

Во продолжение ви ги претставуваме десетте разводи на познатите личности што буквално никој не очекуваше дека би можеле да се случат.

1 Ченинг Тејтум и Џена Деван

Бракот на Ченинг и Џена изгледаше како еден од најстабилните во Холивуд. Тие се запознаа на снимањето на филмот Step Up и се венчаа во 2009 година, а јавноста беше шокирана кога се разделија во 2018-та, после речиси 10 години во брак.

Денес тие заедно се грижат за нивната 6-годишна ќерка Еверли.

2 Бен Стилер и Кристин Тејлор

Актерите Бен Стилер и Кристин се венчаа во 2000, а се разведоа цели 17 години подоцна и ова дефинитивно беше развод што никој не го очекуваше.

Парот се запозна во далечната 1999-та, а заедно имаат две деца – Квин и Ела.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe-03.jpg

3 Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Бен и Џенифер беа пример за стабилна врска во светот на шоу-бизнисот, но на крај и тие се разделија.

Парот се венча во 2005, а дотогаш и двајцата имаа по една сериозна врска – Афлек беше свршен со Џенифер Лопез, а Гарнер беше во брак. По цела деценија заеднички живот, во 2015-та парот ги соопшти вестите за разделбата. Во 2018-та тие официјално се разведоа.

4 Гвен Стефани и Гавин Росдејл

Во 2002-ра година се венчаа Гвен Стефани и Гавин Росдејл и изгледаа навистина среќно. Но, веројатно зад затворени врати нештата не биле најдобри – Гавин ја изневери пејачката со нивната дадилка.

Тие се разделија во 2016-та, после 13 години поминати заедно.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe-05.jpg

5 Кортни Кокс и Дејвид Аркет

Слично како Гвен и Гавин, Кортни и Дејвид се разведоа после 13 години брак. Тие се венчаа во 1999-та, а во 2010-та беа разделени на краток период. Тогаш јавноста помисли дека можеби ги решиле проблемите, но во 2013-та сепак се разведоа.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe-06.jpg

6 Ејми Полер и Вил Арнет

Ејми и Вил се едни од најдобрите комичари во Холивуд и навистина изгледаат како совршен пар. Но и нивната приказна заврши со развод – тие се венчаа во 2003, а се разделија во 2016-та година.

Имаа два сина, поради кои се во добри односи, па дури и заедно го поминаа карантинот во САД.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe-07.jpg

7 Гвинет Палтроу и Крис Мартин

Бракот на Гвинет и Крис Мартин изгледаше бајковито, но веројатно со текот на времето сопружниците се оддалечија еден од друг. Се венчаа во 2003-та, а се разделија во 2014-та.

За разводот, Гвинет изјави дека тоа била свесна разделба и дека останале во многу добри односи. Всушност, многупати парот се користи како пример за тоа како се одржува пријателство откако ќе згасне љубовта.

8 Кели Кларксон и Брендон Блексток

Кели и Брендон се венчаа во 2013-та, а вестите за нивната разделба годинава беа вистински шок за фановите. Парот беше заедно речиси седум години и заедно имаат две деца – синот Ремингтон и ќерката Ривер.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe-09.jpg

9 Амбер Херд и Џони Деп

Поради големата разлика во години, најпрво никој не очекуваше Амбер и Џони да стапат во брак. Кога, пак, го направија тоа, никој не очекуваше да се разделат. Но нивниот развод е еден од најбурните во последно време и двајцата уште се „влечат“ по судови поради обвиненијата на Амбер дека Џони бил насилен.

Фото: Guliver/Getty Images

10 Анџелина Џоли и Бред Пит

На почетокот јавноста ја мразеше Џоли бидејќи ѝ го „украде“ Бред на Џенифер Анистон, но набрзо тие станаа омилениот холивудски пар.

Тие имаа долга врска и неколку деца пред да се венчаат во 2014-та, но по само две години најавија дека ќе се разделуваат. Џоли и Пит до денес водат битка за старателството над нивните деца.

Фото: Getty Images

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе