Ѕирнете во родителката куќа на Гвинет Палтроу во Њујорк: Може да стане ваша за „само“ 15,5 милиони долари (ФОТО)

Ситница

Традиционална куќа во ренесансен стил на Менхетен

Оскаровката Гвинет Палтроу како мала живееше во градска куќа во Њујорк на Менхетен со своите славни родители, на имот што сега можете да го поседувате за 15,5 милиони долари.

Според јавните записи, филмскиот продуцент и режисер Брус Палтроу и добитничката на „еми-наградата“,  актерката Блит Дајнер ја поседувале куќата од 1984 до 1992 година, во време кога актерката одела во приватно училиште за девојчиња што е веднаш зад аголот од имотот.

Домот, кој е на пет ката и 7.205 квадратни метри, е достатрадиционална градска куќа во ренесансен стил. Изграден е во 1890 година од архитектот Валтер Рид Јуниор, а неговата локација – барем за момент – е доста поволна. Сите околни домови имаат низок профил, така што тие не ги попречуваат големите прозорци во градската куќа, дозволувајќи им да се влева многу светлина.

Многу од оригиналните детали се внимателно одржувани, вклучително и шесте камини во домот. Исто така има и задна градина веднаш до главното фоаје кое е идеално за забава. Просторите за трпезарија и дневна соба се наоѓаат на вториот кат.

Главната спална соба и библиотеката го заземаат третиот кат, а сите спални соби за гости – домот е со седум кревети, седум бањи – се на четвртиот и петтиот кат. Една од просториите на четвртиот кат има пристап до приватна тераса што гледа кон градината подолу.

Библиотеката може да се претвори во домашен канцелариски простор, а подрумот може да се користи за складирање. Според списокот, во задната градина има и зрело портокалово дрво.

Што се однесува до Палтроу, таа го напушти својот дом на 92-та авенија додека студираше на Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара. Сепак, таа не го остави Њујорк целосно во прашина. Нејзиниот стан во Трибека е продаден за 10,7 милиони долари во 2017 година, а таа сè уште има дом во Хемптонс.

Фото: Brown Harris Stevens

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.