Светот во 2024-та: Дигитална иднина со помош на Evrotrust

„eID на Evrotrust и во 2024 година ќе биде главен двигател на дигиталната трансформација на бизнисите“, меѓу другото, порачува проф. д-р Георги Димитров, основач и претседател на Управниот одбор на Evrotrust Technologies, во интервјуто за Економист: Светот во 2024-та.

Дигиталната трансформација во континуитет го револуционизира начинот на кој функционираат бизнисите. Компаниите ги заменуваат традиционалните процеси базирани на хартиени документи со поефикасни дигитални работни текови.

Електронската идентификација на клиентите на далечина, онлајн-автентикација и е-потпишувањето играат клучна улога во олеснувањето на оваа транзиција преку овозможување безбедни и беспрекорни дигитални интеракции.

Проф. д-р Георги Димитров, основач и претседател на Управниот одбор на Evrotrust Technologies

Проф. д-р Георги Димитров, водечки експерт во ЕУ за законодавството во областа на информатичките технологии, основач и претседател на Управниот одбор на Evrotrust Technologies, објаснува како решението на Evrotrust, кое го користат над 200 големи корпоративни клиенти од 11 земји, меѓу кои 15 големи банкарски групации од ЕУ, е врвна платформа за давање дигитални услуги на нивните корисници и двигател на дигиталната трансформација.

Воедно,  како член на експертската група при ЕУ за користење на Електронска идентификација на далечина за потребите на AML и KYC (Remote eID for AML and KYC), проф. д-р Георги Димитров дава појаснување колкав е значајот, а посебно безбедноста, во работењето на финансиските институции со целосна Дигитализација и користење Доверливи услуги.

Имајќи ги предвид сите случувања на глобално ниво кои се рефлектираа на бизнисот, како ја оценувате 2023 година за вашата индустрија и вашата компанија?

Глобалните трендови за дигитална трансформација на сите бизниси како и на јавните услуги позитивно влијаеја врз бизнисот на Evrotrust со зголемена побарувачка на „Електронскиот идентитет“ на граѓаните и Доверливите услуги (Trusted Services), што резултира со 1,2 милиони корисници и 15 милиони потпишани документи, електронски идентификации и други доверливи услуги.

Компанијата е на листата на Deloitte, како една од најбрзо растечките компании во Источна Европа.

Evrotrust се вбројува како една од најдобрите 10 даватели на услугата KYC (Know Your Client) за финансиската индустрија, на светско ниво, од страна на GRC Outlook.

Едно од најголемите достигнувања на компанијата е успешната регистрација за Evrotrust eID како национална шема за „Електронски идентитет“ во Бугарија, по опсежна ревизија од Мрежата за соработка на Комисијата на ЕУ. Денес, Evrotrust eID шемата се користи и е задолжително прифатена од страна на властите на сите земји членки на ЕУ.

Каква предност на корисниците им нуди пакетот услуги од Evrotrust за надминување на економската криза и освојување нови пазари?

Evrotrust обезбедува револуционерни game changing услуги за оптимизација на  деловните процеси на сите бизниси и влади.

На пример, банката треба да биде физички блиску до луѓето и компаниите преку создавање огромна и скапа мрежа на филијали. Доколку сите банкарски услуги се трансформираат и се дигитализираат како би станале целосно достапни на далечина (online), бројот на филијали ќе биде значително намален, а динамиката на регистрација и на услуги на клиентите ќе стане многу побрза, додека, пак, корисничкото искуство ќе биде неспоредливо од аспект на заштеда на време и трошоци.

Заштедата на милиони часови време изгубено во физичко (offline) давање на услугите резултира со значително зголемување на БДП, додека луѓето ќе бидат посветени на создавање на повеќе стоки и услуги.

На глобално ниво, динамизирањето на економиите во време на економска криза е задолжително.

Со оглед на тоа што е едно од единствените решенија за eID и „Квалификувани доверливи услуги“, кои можат да се користат целосно на далечина и кои се отворени за граѓаните во сите земји во светот, Evrotrust платформата денес ја користат граѓани на повеќе од 60 земји за дигитална интеракција со владите, банките, осигурителни компании, лизинг-компании, телекомуникациски провајдери и други бизниси, во 11 земји, меѓу кои Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Унгарија, Австрија, Франција, Кенија итн.

Кои се предизвиците, особено во делот на безбедноста, и кои се трендовите во вашата индустрија што ќе владеат во 2024 година?

Најголем предизвик отсекогаш бил човечкиот фактор. Технологијата е целосно заштитена и со години се нема случено пробив за милиони корисници. Сепак, луѓето треба да внимаваат кому ги даваат своите лични податоци, документите за лична идентификација, своите уреди, тајните податоци како што се ПИН-кодови, лозинки итн.

Трендовите на индустријата во овој поглед се фокусирани кон зголемена употреба на биометријата на лицето, се разбира во согласност со легислативата за заштита на приватноста и на личните податоци.

Кои се плановите на Evrotrust за 2024 година?

Главниот фокус на компанијата ќе биде покривање на сите пазари на ЕУ и економиите кои пристапуваат кон ЕУ, неколку земји во Африка, Велика Британија и други пазари, преку зајакнување на пазарната позиција на компанијата и нејзината технолошка предност.

Платформата на Evrotrust на Македонскиот пазар веќе се користи за дигитализација во банкарскиот сектор.

Evrotrust за 2024 гледа голем потенцијал во македонскиот пазар со воведување на најдоброто дигитално искуство, како за клиентите во бизнис-делот, така и за сите граѓани во јавните сервиси.

Текст: Економист – Светот во 2024-та

Фото: приватна архива

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.