Во продажба е новиот број на „Руски доктор“: Нека ве служи здравјето, почитувани читатели!

Еве што ќе читате во него...

На сцена стапи најбогатата годишна доба – есента, која безусловно распосла пред нас изобилство корисни плодови од природата. Овој период каде и да погледнеме – сегде се наоѓаат природни лекови, кои може да се користат свежи, но може и да се закиселат во тегла, сосе целата лековита моќ!

Сега е време и да ги подигнеме нашата здравствена свест и култура и да не живееме веќе по принципот „додека болеста не тропне на врата…“. Затоа, во служба на здравјето, нашите соработници, руски специјалисти, лекари и фитотерпаевти, отвораат нова рубрика, во која ќе дознаете кои анализи и колку често треба да ги правите за да не ги пропуштите раните стадиуми на ракот и други болести.

Нудат совети и решенија како побрзо да зацелат раните, да се изборите со цистите на бубрезите, но и со претераното потење и со хируршката менопауза, како и начини за ослободување од напаста кандида, која претставува почеток на 150 болести. Има решение и за миговите кога одеднаш светот ви изгледа бесмислено.

Доколку правите повеќе работи што ви годат, оние за своја душа, и ги избегнувате негативните, ќе бидете поздрави и посреќни. Сепак, она што нѐ опкружува – тоа сме ние.

И запаметете, сѐ ќе помине и ќе се заборави, освен добрините што сме ги направиле.

Ваша Сузана Митревска, главна и одговорна уредничка на „Руски доктор“

Во октомврискиот број на „Руски доктор“ ќе читате:

5 Го снижуваме притисокот без лекови
6 Стоп за поленската алергија
7 Раните побрзо да зараснат
8 Кандида и други габички
16 Рак: што и кога да проверувате
18 Претерано потење
19 Конјунктивитис: тревките како спас
20 Се бориме со цисти на бубрегот
22 Лекуваме лумбаго
23 Жаба – спас за кожни проблеми
25 Како да се зачува видот кај детето
27 Внимателно со врелите бањи!
29 Ги отстрануваме митесерите
32 Изборете се со хируршката менопауза
33 Не фрлајте ја кората!
34 Коктели помагаат да бидете згодни
36 Минерална вода: треба ли да се пие и колку?
37 Гостољубивиот баќушка Дон
38 Расположението се крие во чинијата
39 Што ја чува слезината
40 Маслиново масло – течно злато
41 Прашања за нутриционист
42 Што ни дарува шумата во октомври
44 Тегавец – лекар од дворот
46 Бидете убави како полски цвет
47 Хигиена на умот
50 За што служи хормонот за раст

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.