4 идеални фризури за тенка и ретка коса

Прашавме експерти

Ако ви здодеа тоа косата да ви виси како метла, скратете ја на овој начин

Тенката коса може да се скрати на таков начин што ќе изгледа како да има волумен. Тајната е во полниот рез и правилното кратење, откриваат експертите. Тенката коса не поднесува истанчување со ножици. Експертите препорачуваат четири фризура што на тенката коса ќе и’ дадат волумен и одлична форма.

Кркми

Иако многумина никогаш во животот не се решаваат да направат кркми од страв дека би можеле да изгледаат ужасно, стилистите ги охрабруваат дамите со ретка коса сепак да го направат тоа. Рамно скратените кркми преку целото чело може да изгледаат совршено на жените кои имаат проблем со ретката коса. Еве како може да изгледа тоа:

https://www.instagram.com/p/Bt04ZbenNEQ/?utm_source=ig_embed

Тајната е во степенестото кратење

Благите слоеви коса што степенесто паѓаат околу лицето се најдобриот начин да се стилизира ретката коса. Но внимавајте да не направите премногу слоеви. Степенестото кратење создава илузија на густа коса.

https://www.instagram.com/p/BzGph1WB3LF/?utm_source=ig_embed

Пикси фризурите се хит

Забавно и кокетното кратење на косата стана вистински хит во Холивуд. Освен што имате фризура, вака скратената коса ќе ви го сокрие тенкото и уморно влакно.

https://www.instagram.com/p/BvZUrZWAfxz/?utm_source=ig_embed

Боб-фризура

Ова е најмодерната фризура веќе три години по ред. Освен што е лесна за одржување, боб-фризурата ќе и’ даде волумен на косата, така што секоја фризура ќе изгледа феноменално.

https://www.instagram.com/p/Bu7dySrAEjg/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.