Клучно парче за совршен есенски стајлинг: Овој крој на здолниште секому добро му стои

Есенска униформа

Многу атрактивен и удобен модел што ќе посакате често да го носите

Парчињата што ги купуваме и носиме безброј пати, во разни прилики и комбинации се најдобра инвестиција. Токму такво парче е здолништето со А-крој до колена. Нема сомнеж дека тоа ќе стане вистинска есенска униформа од која нема да излегуваме.

Оваа разиграна креација е апсолутен есенски хит. Многу лесно се комбинира, а добро стои на сечија градба. Ги нагласува облините, а истовремено го крие вишокот килограми на проблематични места.

Одлично оди со џемпери или ролки. Кога се обувките во прашање, може да ја носите и со рамни чизми, но и со потпетици. Совршено изгледа и во комбинација со патики.

Уште сега на улиците може да се видат дами во модни комбинации во кои главна улога игра токму ова здолниште.

Ви претставуваме неколку предлози како можете да го носите ова парче оваа сезона.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.