Минимализам – баланс на елеганција и функционалност

Функционалност, едноставност и елеганција се трите главни одлики на минимализмот, водечки стил на 21 век. Иако минимализмот честопати се опишува со помалку е повеќе, не би се согласиле дека синоним на овој стил е ладен простор, туку, напротив, префинетост и вкус.

Во согласност со сите принципи на овој дизајнерски правец, искусниот и повеќекратно наградуван тим на дизајнери на компанијата „Горење“ одлучи оваа година да ја претстави новата колекција „Симплисити“ (Simplicity), која целосно ги оправдува своето име и повеќедецениската филозофија „поедноставен живот“.

Направена исклучиво во таинствена црна и чиста бела боја, колекцијата Simplicity совршено ги следи правилата на минимализмот и различноста во формите – чисти линии, софистицирана текстура и рамни, стаклени површини.

Со леснотија се вклопува во секој стил – модерен, традиционален, рустикален, скандинавски, индустриски, што го прави совршена почетна основа за опремување на остатокот од станот.

Домашните апарати „Симплисити“, вклопени во секоја кујна, создаваат простор што е визуелно привлечен и функционален, без вишок копчиња, детали и декорации, кој носи чувство на смиреност и баланс во ентериерот.

Без претерување и ексцентричност, естетиката на колекцијата „Симплисити“ се сведува на едноставност, што истовремено подразбира практичност и удобност, и тоа не само во дизајнерска смисла.

Минимализмот го најде своето место дури и во корисничкото искуство. Со својата напредна технологија, колекцијата „Горење симплисити“ го минимизира времето поминато во кујната, приспособувајќи се на специфичните навики на секој корисник.

Сите домашни апарати во оваа колекција – вградена рерна и плоча, фрижидер и кујнски аспиратор – се наменети за сите љубители на модерниот дизајн, но и на иновативните технологии.

Автоматските програми и интуитивните контроли, како што се управувањето со еден допир и однапред нагодените програми, навистина го минимизираат времето потрошено за вршење на секојдневните домашни обврски.

„Горење“, компанија што во следењето на животниот стил на корисникот има стаж од 7 децении, со својата колекција „Симплисити“ уште еднаш покажа дека е идеален сојузник за постигнување поедноставен живот.

На радост на оние што ги следат трендовите и сакаат софистицирано дизајнирани уреди, безвременскиот квалитет на „Горење“ е спакуван во најмодерен дизајн во колекцијата „Симплисити“. Вам ви преостанува само да ја вклопите во вашиот ентериер, и тоа едноставно.

Текст: Home Style

Фото: PR Gorenje

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.