Магична диета со супа: За две недели гарантирано топи 10 килограми!

Брзо слабеење!

Со помош на оваа диета ослабеле многу холивудски ѕвезди, но и обични жени

Феноменот диети со супи и чорби го воодушевил светот, со оглед на тоа што можете да јадете колку сакате, а ќе изгубите 8-10 килограми за две недели. Звучи неверојатно, зар не?

Станува збор за диета која е позната како зелка диета од болница.

Имено, американските кардиолози на своите пациенти за слабеење пред поважни операции им препорачувале режим на исхрана која главно се состоела од различни супи и чорби од зеленчук. Во рок од 14 дена, пациентите симнувале и до 10 килограми.

Диетата со супа содржи многу малку калории, вкупно 35 калории. Супата е течност, а течноста како и водата, брзо го полни желудникот и дава чувство на ситост.

Најважно кај диетата е тоа што можете да јадете без ограничувања во поглед на количината или бројот на порции, секогаш кога сте гладни. Сепак, би требало да одржувате редовен режим на исхрана: појадок, ручек и вечера.

Кој е рецептот за оваа магична супа?

Во различни земји популарни се различни видови зеленчуци, па така и рецептите се различни. Сепак, главни критериуми кај правењето на оваа супа или чорба е да биде нискокалорична и да биде чорбеста.

Состојки:
  • 6 поголеми главици кромид
  • шака целер
  • половина средна главица зелка
  • една поголема зелена пиперка
  • конзерва домати
Приготвување:
  • Исечкајте го зеленчукот и ставете го во тенџере.
  • Прелејте го со вода за зеленчукот целосно да се потопи.
  • Варете на силен оган 10 минути.
  • Намалете ја температурата и продолжете да готвите на тивок оган, додека зеленчукот не стане мек.
  • Можете да ја посолите и забиберите.

Тајната на оваа чорба и нејзината ефикасност лежи во зелката. Дали сте знаеле дека зелката всушност многу тешко се вари? Нашиот организам троши повеќе калории одошто содржи самата зелка за да ја свари. Затоа, понекогаш се нарекува и намирница со „негативна калориска вредност“. Поради ова одлично својство, оваа диета понекогаш се нарекува и диета со чорба од зелка.

Освен оваа супа, во текот на диетата можете да консумирате и варен и свеж зеленчук, овошје (освен банани). Кога станува збор за пијалаци, дозволено е да пиете вода, минерална вода, овошни сокови и сок од домати, зелен чај, кафе без млеко и шеќер и кефир. Како што гледате, оваа диета се заснова на што повеќе течности, овошје и зеленчук.

Неопходно е во текот на диетата целосно да се откажете од алкохол. Исто така, немојте да пиете алкохол 24 часа пред да почнете со диетата. Не е дозволено да јадете леб, слатки и да пиете газирани пијалаци.

Со оглед на тоа што оваа диета е многу нискокалорична и содржи релативно малку нутриенти и минерали, не се препорачува да ја држите подолго од две недели. Доколку сакате да продолжите со оваа диета, треба да направите пауза од најмалку 2 недели.

Иако многу луѓе се жалат дека по неколку дена не можеле да го поднесат мирисот и вкусот на чорбата, признаваат дека диетата била повеќе од ефикасна. Покрај тоа, како и за секоја друга строга диета што подразбира консумирање еднолична храна, потребно е претходно да се консултирате со лекар.

Секоја диета има свои добри и лоши страни.

Предности:
  • Не чувствувате глад
  • Евтини состојки и лесна подготовка
  • Ефикасно губите килограми
Недостатоци
  • Ниско ниво на енергија и можна слабост
  • Брзо досадува
  • Поради големата количина на внесени течности, често ќе одите во тоалет
  • Изгубените килограми брзо се враќаат ако им се вратите на нездравите навики во исхраната
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.