Леб од камена доба, без брашно, млеко и квасец: Ќе го обожавате овој рецепт!

Здрава варијанта

Овој рецепт го смислиле тројца признаени лекари и им го препорачуваат на сите

Тројца признаени експерти, неврологот доктор Дејвид Перлмутер и специјалистите по интерна медицина доктор Остин Перлмутер и доктор Кристин Лоберг, заедно ја објавиле книгата „Детокс на умот“ која открива како современиот свет длабоко влијае врз нашите секојдневни одлуки и активно манипулира со нив, поради што стануваме поосамени, понервозни, подепресивни, недоверливи, болежливи и подебели.

Покрај одличните совети како успешно да направите детокс на умот, книгата содржи и интересни рецепти кои ќе ви помогнат во тоа, а ние ви пренесуваме еден и тоа за леб „од камена доба“ кој секој може да го направи дома, а за кој авторите го наведуваат следново:

„Ние секогаш го имаме готов и често го делиме со пријателите и соседите како вкусен начин да ги запознаеме со исхрана за детокс на умот. Не мора да ги сечете семките и јаткастите подови, употребете ги цели, такви какви што се.“

Состојки за една векна:
  • 100 г сирови, несолени семки од тиква
  • 100 г сирови, несолени сончогледови семки
  • 100 г сирови несолени ленени семки
  • 100 г сусам
  • 100 г сирови, несолени парчиња бадем
  • 100 г сирови, несолени парчиња ореви
  • 5 големи јајца од собна температура, малку изматени
  • 120 мл екстра девствено маслиново масло
  • 2 лажички ситна морска сол

Напомена: Авторите истакнуваат дека сите состојки треба да бидат природни, органско одгледани.

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Сад за печење со димензии 23х13х8 см премачкајте го со путер, па покријте го дното со хартија за печење. Со путер премачкајте ја и хартијата за печење.

Измешајте ги сите семки и јаткасти плодови во голем сад. Додајте јајца, маслиново масло и сол и измешајте ги за состојките целосно да се поврзат. Префрлете ја смесата во приготвениот сад за печење леб. Ставете го во рерна и печете го околу еден час или додека лебот стане цврст.

Извадете го и оставете го да отстои 15 минути. Превртете го садот и чукнете го дното за да испадне лебот на решетката за ладење. Оставете го да се лади уште малку пред сечење. Чувајте го во херметички затворен сад во фрижидер.

Нема да можете да му одолеете: Леб со билки
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.