Нема да можете да му одолеете: Леб со билки

Испробајте

Едноставен рецепт за вашите нови омилени лепчиња!

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 300 мл топла вода
  • ¼ коцка свеж квасец
  • 3-4 лажици маслиново масло
  • 4 чешниња сецкан лук
  • 3 лажици сецкан копар

Подготовка:

Растворете го квасецот со шеќер во малку вода, а потоа оставете го да нарасне.

Во сад за мешање измешајте ги брашното и солта, а кога квасецот е подготвен, додајте го во брашното. Потоа, истурете го остатокот од топлата вода и месете меко тесто. Покријте со памучна крпа и оставете да се крева на топло место околу половина час.

Тестото поделете го на 12 парчиња. Ситно обликувајте го секое парче и наредете го во послужавник или тава. Покријте го тестото подготвено на овој начин и оставете го да се крева десет минути.

Подготвеното тесто лесно премачкајте го со маслиново масло, а потоа печете го во загреана рерна на 220ºС, додека не добие златно-жолта боја.

Во меѓувреме, комбинирајте го лукот, копарот и маслиновото масло.

Отстранете ги печените лепчиња од рерната и дарежливо премачкајте ги со подготвените зачини. Оставете да се изладат и послужете.

Предлог за главно јадење: Плескавици од сладок компир

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.