6 златни правила за добар стил на Каролина Херера: Секоја жена мора да ги усвои овие модни заповеди!

Совети од експертка за мода

Кога станува збор за модата, треба да се учи од оваа жена

Каролина Херера речиси 40 години е на самиот врв на модната сцена. Нејзиниот стил е инспирација за жените ширум светот, а секоја нејзина креација е едноставно совршена. Како некој кој речиси целиот живот го посветил на модата и на модната индустрија, нејзините совети имаат тежина.

Кога станува збор за правила на добриот стил, треба да се учи од неа. Таа строго се придржува до овие модни заповеди веќе со децении. Доколку сакате во секоја пригода да изгледате совршено, внимателно прочитајте ги и запомнете ги овие совети…

1. Нагласени рамена

„Секогаш сум сметала дека кога ќе ги нагласиш рамената, струкот едноставно мора да изгледа потенко“, рекла своевремено Каролина, па не е ни чудо што меѓу нејзините креации доминираат оние со нагласени рамена.

2. Бела кошула

„Белата кошула е со мене уште од училишните денови. Се сеќавам дека носев бела кошула со Петар Пат крагна со училишната униформа. Носев бела кошула и додека јавав, а и тенис играв во неа. Тоа беше мојот заштитен знак, нешто во што се чувствувам сигурно.

Во бела кошула можеш да изгледаш и лежерно и елегантно, како и да посакаш. Но мора да биде од цврст материјал. Белата кошула навистина е нешто посебно, зар не? Во неа жените изгледаат толку свежо…“, рекла за „Вог“ славната дизајнерка.

Белата кошула дефинитивно е парче што секоја жена мора да го има во плакарот. Кога го имате ова парче, имате безброј можности за креирање најразлични стајлинзи.

3. Впечатливите бои се задолжителни

„Боите и модата се неразделни. Па затоа, секој би требало да експериментира со бои. Мене боите ми се многу важни иако можеби не ги носам толку често, но ме прават среќна. Луѓето се чувствуваат моќно кога носат нешто во поизразени бои.

Обожавам да ги комбинирам. Кога во градина ќе видиш цвеќе во сите бои, тоа изгледа прекрасно толку шарено. Зошто тогаш не би можеле така да ги комбинираме боите и во модата?“

4. Вреди да се инвестира во здолниште

„Обожавам здолништа, бидејќи можеш да ги комбинираш со сè и да ги носиш во дневни, но и во свечени пригоди“, вели таа.

5. Интересни модни додатоци

„Модните додатоци се многу важни, но мораат да бидат навистина посебни. Тие му даваат личен печат на секој наш стајлинг. Ако ме прашува мене, одбирајте ги оние што се впечатливи и оригинални.“

6. Разновидни дезени

„Отсекогаш сум сакала линии. Кога ќе видиш фустан со интересен графички дезен, лесно ќе го запаметиш. Многу полесно одошто еднобојниот“, вели дизајнерката во чии колекции секогаш се наоѓаат парчиња со ефектен графички дезен.

Не постои жена на која не ѝ стои добро: Гардеробата во оваа боја ќе биде апсолутен хит во 2021 година!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.