Кошници со домати: Изгледаат фантастично, а вкусот е уште подобар!

Вкусно предјадење

Пробајте ги овие превкусни кошници со домати

Состојки:

За кошниците:

  • 300 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 15 г свеж квасец
  • 1 рамно лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 50 г растопен путер
  • околу 150 мл јогурт или млеко

За филот:

  • 3 јајца
  • 400 мл кисела павлака
  • 200 г шери-домати
  • сол
  • црн пипер по желба
  • 50 г рендано сирење по избор

Приготвување:

1. Се мати квасецот во малку топло млеко, па се додава по едно лажиче шеќер и екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“. Се чека да се активира.

2. Во друг сад се мешаат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и солта, се додаваат приготвениот квасец, растопениот путер и со јогуртот или млекото се замесува мазно тесто. Се покрива и се остава да отстои 15 минути.

3. За тоа време се приготвува филот. Се матат јајцата со павлаката,па смесата се посолува и запиперува по желба.

4. Тестото се дели на четири дела и се обликуваат топчиња. Тркалезни калапи се премачкуваат со растопениот путер, па секое топче се сука во облик на круг и се става во отворот на калапот. Се втиснува тестото покрај рабовите и се мести така што ќе преминува малку преку работ на калапот.

5. Преку тестото се распоредува приготвениот фил и се редат доматите. Се посипува со ренданото сирење и рабовите на тестото малку се собираат кон средината.

6. Кошниците се печат на 200°Ц, од 30 до 40 минути. Се чека да се оладат во калапот, а потоа внимателно се префрлаат во чинија.

Извор: Добра храна

Лиснато задоволство: Овие пакетчиња со спанаќ ќе ве освојат на прво залаче!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.