Лиснато задоволство: Овие пакетчиња со спанаќ ќе ве освојат на прво залаче!

Добра храна

Вкусно предјадење со спанаќ

Состојки:
  • 500 г лиснато тесто
  • 350 г свежо сирење
  • 100 г спанаќ
  • малку сол
  • црн пипер
  • 1 белка
  • 1 јајце за премачкување
  • 1-2 лажици пармезан за посипување

Приготвување:

1. Лиснатото тесто се истенчува на набрашнета работна масичка, па се сече на поголеми правоаголници. Со тапата страна на ножот се обележува средината на секој правоаголник.

2. Свежото сирење се ситни со виљушка, па се додаваат една изматена белка и ситно исечканиот спанаќ. Смесата се посолува и запиперува по желба.

3. На едниот крај на развлечениот правоаголник се става полна лажица од филот. Рабовите на тестото се премачкуваат со ладна вода или со изматено јајце, а потоа се преклопува со другиот крај.

4. Рабовите на тестото добро се притискаат со виљушка, дополнително да се зацврстат, за да не се отворат при печењето.

5. Приготвените пакетчиња се ставаат на плех обложен со хартија за печење. Се премачкуваат со изматено јајце и се засекуваат на неколку места, да може да излегува пареата.

6. Печивото се посипува со рендан пармезан и се става во добро загреана рерна да се пече на 200°Ц, од 20 до 25 минути.

Извор: Добра храна

Неодоливи и меки како душа: Пригответе ги овие мафини со тиквички
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.