Кога сакате нешто лесно и вкусно, направете ги овие фантастични печурки со песто

Брзо и лесно!

Ако сакате да поминувате помалку време во кујната, и повеќе таму каде што навистина е важно – во прегратките на оние што ги сакате, ние ви донесуваме рецепт што ќе го обожавате.

Печурките со песто се идеални како предјадење или лесна вечера. Ова хранливо и вкусно јадење се подготвува брзо и лесно. Печурките имаат малку калории, но затоа се богати со разни минерали, вклучувајќи бакар (му помага на телото да прави црвени крвни клетки) и калиум (го олеснува влијанието на натриумот врз крвниот притисок). Покрај минералите, тие се добар извор на протеини и витамини од групата Б.

Поради нивната мала енергетска вредност, печурките треба да бидат на менито на оние кои сакаат да изгубат тежина. Најдобро е да ги јадете печени или варени бидејќи при пржењето апсорбираат многу масло, што треба да се избегнува.

Бидејќи тие имаат благ, неутрален вкус, најдобро е да ги комбинирате со ароматични состојки со изразен вкус како што се песто и пармезан.

Печурки со песто

Состојки:

  • 12 поголеми печурки (отстранете ги стеблата и исечете ги на коцки)
  • 2 лажици сос од песто (можете да користите купено или песто што ќе го направите сами)
  • 1 лажица рендан пармезан
  • 1 лажица маслиново масло

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180°С.
  • Плехот за печење премачкајте го со масло.
  • Во сад измешајте ги исечените стебленца, сосот од песто и пармезанот.

Наредете ги „капачињата“ на печурките на плехот за печење со рамната страна свртена надолу. Ставете по една лажичка од подготвената смеса во секое капаче.

Покријте ги печурките со фолија и печете ги околу 15 минути. Потоа отстранете ја фолијата и печете ги непокриени додека не поруменат малку (околу 5 минути). Извадете ги печурките од рерната и оставете ги да се изладат пред да ги сервирате. Добар апетит!

Прочитајте и: Појадок од детството: Започнете го денот со крофнички со кисело млеко!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.