Појадок од детството: Започнете го денот со крофнички со кисело млеко!

За добро утро

Превкусни крофнички приготвени на традиционален начин

Состојки:
  • 450-500 г брашно
  • 10 г прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 100 мл млако млеко
  • 2 јајца
  • 200 г кисело млеко со 6% млечна маст
  • 4 лажици масло + масло за пржење
  • 1 чајно лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер

Приготвување:

1. Во сад се мешаат киселото млеко, јајцата, маслото, млакото млеко, солта и шеќерот. Се матат со жица, да се добие еднолична смеса.

2. Посебно се соединува 450 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“ со прашокот за печиво и постепено се додава во течната смеса од јајца. Прво се меша со жица, а потоа се меси со рака додека се добие мазно тесто. Ако е потребно, ако тестото ви се лепи за прстите, додајте уште малку екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“. Замесеното тесто се остава да отстои десет минути.

3. Се набрашнува работната масичка и на неа се префрла тестото. Се сука со сукало до дебелина од 5 мм и се сече на правоаголници во големина по желба. Се остава да се одмори десетина минути.

4. Се загрева многу масло во тава и во неа се ставаат неколку крофни, така што горната страна ќе биде свртена кон маслото. Се пржат додека поруменат по малку од двете страни. Се вадат на хартиена салфетка, да го впијат вишокот маснотии. Се покриваат со крпа и се оставаат да се оладат, па се послужуваат.

Извор: Добра храна

Совршено крцкава и вкусна: Оваа прелиена пита со месо ќе ве остави без зборови!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.