Кифлички без ронка брашно: Идеален оброк ако сте на хроно или кето-диета!

Превкусно!

Време е да обрнеме внимание на тоа што јадеме и кога јадеме – пролетта е период за полесна исхрана

Состојки:
  • 200 г моцарела
  • 100 г гауда
  • 60 г бадемово брашно
  • 1 јајце
  • 100 г крем-сирење
  • 120 г шунка
  • ленено семе, ким или сусам
Приготвување:

Изрендајте ги сирењата и стопете ги на пареа. Додајте бадемово брашно и изматете ја смесата во тесто. Расукајте го тестото, премачкајте го со крем-сирење и одозгора додајте шунка.

Пресечете го на триаголници и завиткајте го во кифлички. Посипете со сусам, ленено семе или ким и печете ги на 220 степени, 12-15 минути.

Овој рецепт е погоден за оние што не јадат глутен, кои се на кето или нискокалорична исхрана.

Овие кифлички со сирење нека послужат како вовед во вашиот ручек денес! Нема да погрешите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.