Овие кифлички со сирење нека послужат како вовед во вашиот ручек денес! Нема да погрешите!

Предјадења

Кој може да одолее на вкусни и крцкави кифлички од лиснато тесто?

Состојки:
  • 500 г тенки кори за пита
  • 400 г фета-сирење
  • 4 јајца
  • 250 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 10 г прашок за печиво
  • сол

Приготвување:

1. Во сад се матат јајцата, јогуртот, маслото, прашокот за печиво и малку сол. Се додава издробеното фета-сирење и се меша.

2. Се зема кора за пита и се витка во триаголник. Во средината се нанесува малку од филот од сирење, а потоа еден крај од триаголникот се преклопува на едната, а друг крај преку првиот на другата страна. На средината на превитканите страни се нанесува малку од филот и долната страна се витка нагоре. На истиот начин од преостанатиот материјал се обликуваат повеќе крукчиња.

3. Плехот од рерната се обложува со хартија за печење и се попрскува со масло. Во тоа се распоредуваат кифличките и се премачкуваат со остатокот од филот.

4. Се печат во загреана рерна на 200°Ц, додека порумени кората.

Извор: Добра храна

Совршено крцкава и вкусна: Оваа прелиена пита со месо ќе ве остави без зборови!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.