Новооткриениот растителен извор на протеини што градат мускули ќе ги воодушеви сите вегетаријанци и вегани

Кога пишуваме за храна што го стимулира мускулниот раст, првото нешто на што мислиме се протеини, претежно од животинско потекло.

Но, како можеме да ги добиеме протеините што ни се потребни за градење мускули ако не јадеме месо? Исхраната богата со зелен лиснат зеленчук може да биде идеално решение за сите што барате добра замена. Спанаќ, зелка, кељ и сличен зеленчук во голема мера придонесуваат за подобар развој на мускулите, особено оние во нозете. Овој зеленчук не е ништо ново во нашата исхрана, има многу придобивки како одличен извор на железо, магнезиум, тие се одлични за варење и се богати со разни хранливи материи, но некако вредноста на протеините постојано се занемарува.

Во оваа студија беше докажано дека јадењето зеленчук богат со нитрати, како зеленчук со зелени лисја, може да ја зајакне силата на вашите мускули, без оглед на каква било физичка активност. Секако, идеално е да имате урамнотежена исхрана со овие зеленчуци, заедно со тренинг за сила и редовна физичка активност. Покрај класичниот зелен зеленчук, научниците открија дека цвеклото може да биде темел на здрави нитрати во исхраната.

Вметнете зелени смути во вашиот ден или додадете салата од спанаќ на вашиот главен оброк за да бидете сигурни дека имате урамнотежена исхрана.

Прочитајте и: Кофеинот е добар ако се внесува во умерена количина, затоа бидете внимателни со овој топол напиток

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.