Кофеинот е добар ако се внесува во умерена количина, затоа бидете внимателни со овој топол напиток

Кофеинот не е лош за здравјето ако го внесуваме умерено

Истражувањата покажуваат дека кофеинот ги зголемува менталните перформанси и будност затоа што блокира хемикалија во мозокот што е поврзана со поспаност.

– Повеќе студии ги проучувале ефектите на кофеинот во атлетиката и откриле дека кофеинот може да ја продолжи издржливоста и да ги подобри перформансите – вели експертот за исхрана, д-р Меган Мејер, од Меѓународниот совет за комуникации.

– Покрај тоа, умерената потрошувачка на кофеин од кафе и чај исто така може да го намали ризикот од хронични болести, како што се дијабетес тип 2, срцеви заболувања и некои видови на рак. Овие пијалаци содржат и полифеноли и антиоксиданти, за кои е докажано дека штитат од хронични болести – додаде таа.

За повеќето луѓе, безбедно е да се внесат до 400 милиграми кофеин на ден.

„Според Националната медицинска библиотека на САД, ако ја надминете таа количина, тоа може да предизвика здравствени проблеми како несоница, вознемиреност, гадење, главоболки, вртоглавица, немир или тремор и абнормален срцев ритам“, објаснува Мејер.

ФДА наведува дека конзумирањето на околу 1.200 милиграми кофеин потенцијално може да предизвика несакани ефекти, како што се напади. Според Мејер, оваа количина кофеин може да се најде во додатоците во исхраната кои содржат чист или високо концентриран кофеин во големи количини.

– Ако користите вакви видови производи, потребно е да ја прочитате декларацијата и да ја измерите безбедната количина за себе – вели Мејер.

Дали е важен изворот на кофеин, во однос на здравјето?

– Телото ја препознава разликата помеѓу природниот и синтетичкиот кофеин. Всушност, според истражувањето на ИФИК за храна и здравје во 2020 година, Американците во последните пет години имаат тенденција да веруваат дека природниот и синтетичкиот кофеин го имаат истиот ефект, објаснува Мејер.

Најважно во двата случаи е да останете под 400 милиграми на ден, бидејќи таа количина не е поврзана со негативни здравствени ефекти кај здрави возрасни лица.

„Важно е да се има предвид дека има големи разлики во чувствителноста на поединецот кон кофеинот, како и во стапката на метаболизам“, додаде Мејер.

Кое е здраво количество кофеин?

Според Мејер, умерената потрошувачка на кофеин се движи од 300 до 400 милиграми на ден. Тоа е околу три шолји кафе, околу 148 мл еспресо, седум чаши црн чај или 11 шолји зелен чај.

Прочитајте и: Бременост: Важно е колку кофеин консумирате, не повеќе од 200 мг на ден

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.