Бременост: Важно е колку кофеин консумирате, не повеќе од 200 мг на ден

Совети од експерти

Бидете внимателни со внесувањето кофеин за време на бременоста, дозволено е да пиете кафе и чај, но само ако ја почитувате количината на кофеин што ви е дозволено да го внесете во организмот.

За време на бременоста, треба да обрнете внимание на многу работи, особено на она што го внесувате во организмот. Ова особено важи за потрошувачката на кофеин, без разлика дали е во форма на кафе или чај. Еве што велат експертите – дали е дозволено да се пие зелен и црн чај во бременоста?

Кофеинот се наоѓа природно во разновидна храна, вклучувајќи црн и зелен чај. Да, експертите велат дека можете да ги пиете овие чаеви се додека количината на кофеин што ја внесувате не надминува 200 мг на ден.

Количината на кофеин во една чаша чај зависи од тоа колку е силен (но и колкава е таа чаша). Секако, постојат и чаеви кои не содржат кофеин, или содржат многу мали количини.

Зошто кофеинот е лош во бременоста?

Ако претерате, тоа може да го зголеми ризикот од намалена тежина на бебето. Научниците веруваат дека ако внесувате повеќе од 200 мг кофеин дневно, вашето бебе ќе изгуби околу 70 грама. Кофеинот се наоѓа и во некои други намирници, како што се кафето, чоколадото и енергетските пијалаци. Ако сакате да ја намалите количината на кофеин, обидете се да користите некои други билни чаеви.

Прочитајте и: Да ја решиме енигмата – дали косата смее да се бојадисува во бременоста?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.