Знаци што откриваат дека не оди сè како што треба во бракот

Фото: Getty Images

Бракот на две лица не мора да значи среќа, а овие знаци откриваат дека нешто не е „како што треба“ …

Без разлика дали сте во брак или не, веројатно веќе знаете дека бракот не мора да значи среќа помеѓу две лица. Некои жени јавно признаваат дека се несреќно омажени, додека некои не се подготвени ниту да го признаат тоа на својот партнер, а понекогаш и на самите себе. Сепак, постојат одредени знаци кои покажуваат дека жената е незадоволна од бракот.

Зборувате помалку: Кога жената ја намалува комуникацијата со сопругот или ја сведува на минимум, тоа е дефинитивно знак дека нешто ја мачи.

Брза нервоза: Несреќните жени се секогаш „на работ на нервите“ така што лесно ги губат нервите дури и за најмали детали.

Постојано сте уморни: Едно истражување покажа дека жените во несреќни бракови имаат пониско ниво на хормонот кортизол, кој како пропратен ефект, меѓу другото, има и хроничен замор.

Одбивате секс: Жената која е несреќна во бракот честопати ќе го избегнува допирот на нејзиниот сопруг, особено под прекривките.

Имате тајни: Во бракот нема место за тајни, а штом ќе се појават, тоа значи дека некој е незадоволен.

Губите доверба: Бракот се заснова на взаемна доверба, а недостатокот на тоа може да значи дека само ќе го расипете.

Не обрнувате внимание: Кога жената ќе изгуби интерес за својот сопруг, тогаш не може да биде ниту задоволна со него.

Имате нови интереси: Ако жената постојано бара нови причини да биде што подалеку од својот сопруг, од хоби до излегување со пријатели, тогаш нешто не е во ред во тој брак.

Размислувате само на себе: Жените кои не се задоволни во бракот често знаат да станат себични. Личните интереси им стануваат сè поважни и повеќе не се грижат за желбите и потребите на партнерот.

Промена на изгледот: И ненадејната промена на бојата на косата, фризурата или начинот на облекување може да бидат знаци дека жената е несреќна во брак и подготвена да сврти нов лист во животот.

Прочитајте и: Правило 2-2-2 со кое љубовта трае вечно

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.