Како правилно се вари вино: Тајната лежи во посебните состојки што му даваат вистински шмек

Греено вино

Ви предлагаме совршен рецепт за варено вино, со кое ќе ја подгреете празничната атмосфера

Студените денови со себе носат многу убави мигови и асоцијации. Вареното вино е една од омилените напивки која може да ја подгрее празничната атмосфера и да нѐ стопли. Многумина се во потрага по совршениот рецепт, а ние ви го предлагаме еден од омилените. Убавиот вкус се добива благодарение на интересните состојки.

Состојки:
  • 1 л црвено вино
  • 1 кесичка цимет
  • неколку каранфилчиња
  • 150-200 мл вода
  • 5-7 лажички шеќер (или повеќе ако сакате да биде послатко)
  • кора од портокал (по желба)
Приготвување:

Во вода растопете го шеќерот, а потоа додајте цимет, каранфилче, кора од портокал и загревајте додека не испари отприлика половина од водата. Сипете ја смесата во виното и загревајте до вриење. Вареното вино се служи во топли шолји.

Бело и црно варено вино за долги зимски ноќи
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.