Поради неа сите жени престанале да носат црни сатенски фустани: Приказна за убиство што го кренала Лондон на нозе

Мери и Фредерик Менинг

Нивната измама и алчност за пари ги осудила на смрт, а фустанот што го носела на денот на бесењето излегол од мода

Џон Меси, студент по медицина, изгледал преплашено кога газдата на станот го прашал: „Дали може човек под дејство на наркотици да биде натеран да потпишува чекови?“

Што се случува, се запрашал младиот Меси. Сигурно газдата не планирал да ограби некого? Пред да успее да смисли одговор, следеле нови прашања:

„Што се случува кога некому ќе му се подметне хлорофил?“, „Што се случува со некој што е погоден со воздушен пиштол?“.

Меси го насетил поводот за прашањата, а се претпоставува дека знаел дека Мери, жената на станодавецот, Фредерик Менинг, имала афера со друг маж и знаел дека Менинг дознал за нејзиното неверство.

Не сакал да биде во близина ако се случи убиство, па набрзо си заминал од нивната гостилница. И навистина, Фредерик Менинг, сопственик на пивница, имал убиство на ум. Бил гневен поради нејзината афера со Патрик О’Конор, со кого била во врска и пред да се омажи, а се чини дека и Мери била уморна од својот љубовник.

Па така, на 9 август во 1849 година, го поканиле О’Конор на вечера во својот дом во Бермонџ во Лондон, а Мери го застрелала во главата. Менинг подоцна кажал:

„Го слушнав како лелека во кујната. Никогаш не сум го сакал многу, па го докрајчив.“

Го закопале О’Конор под плочките на кујнскиот под, а следниот ден Мери отишла во куќата на својот поранешен љубовник и собрала акции, пари и два златни часовници. Менинг бил испратен да ги продаде акциите и заработил 110 фунти.

Следниот ден, Мери се вратила во куќата за да собере уште хартии од вредност, но овој пат Менинг одбил да ги продаде акциите.

Мери, која била родена во Швајцарија и која работела како слугинка за богати аристократи, била гневна. „Глупак! Што ќе ми е човек како тебе?“, врескала.

Избегала од куќата со сите украдени пари, отишла на станицата Естон и со воз отишла за Единбург.

Откако било пријавено во полиција дека Патрик исчезнал, полицијата отишла во куќата на Менинг и го нашла телото под кујнските плочки. Мери била уапсена во Единбург, а нејзиниот сопруг, кој побегнал на Каналските острови, бил уапсен во село близу Сент Хелиер во Џерси.

На нивното судење, сопружниците одбиле да се погледнат, обвинувајќи се меѓу себе за убиството. И двајцата биле прогласени за виновни и биле обесени во вторник, на 13 ноември 1849 година, пред огромна толпа луѓе пред затворот Хорсмонгер Лејн.

Во трогателно писмо до „Тајмс“, Чарлс Дикенс, кој бил еден од гледачите, ја осудил лекомисленоста на толпата и ритуалот на смртна казна.

Мери Менинг носела црн сатенски фустан за своето погубување и тоа е причината поради која црните сатенски фустани излегле од мода.

Пред 23 години ја убил бремената сопруга, а полицијата дури сега го нашла телото: „Ова е доказ дека цело време лажел“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.