Султанска сарма: Најкремливиот колач што се прави за 5 минути – совршено неделно уживање

Совршен десерт

Најкремливиот колач на сите времиња

Состојки:
  • 1 л млеко
  • 1 шолја брашно
  • 1,5 шолја густин
  • 2 шолји шеќер
  • 2 полни лажици какао
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 50 г маргарин
  • 100 г кокос
  • 100-150 мл слатка павлака или 100 г шлаг
Приготвување:

Измешајте густин, брашно, шеќер, какао, ванилин шеќер и 250-300 мл млеко. Остатокот од млекото оставете го да зоврие. Кога млекото ќе зоврие, сварете ја смесата и промешајте. Во голем плех посипете кокос и рамномерно распоредете го насекаде, па протресете ја тепсијата.

Преку кокосот сипете го сварениот пудинг. Сипете го насекаде низ целата тепсија. Кога ќе го развлечете рамномерно секаде, оставете го да се олади, па ставете го 30 минути во фрижидер. Изматете слатка павлака или шлаг (разматен со кисела вода), па премачкајте ја преку пудингот.

Исечете на парчиња во правоаголна форма, па завиткајте го секое парче. Секоја „сармичка“ извалајте ја уште малку во кокосот одоздола и посипете уште кокос по желба. Чувајте го колачот во фрижидер до послужување или послужете го веднаш.

Наједноставниот рецепт за рафаело-топчиња: Неодолив десерт што ќе исчезне од трпезата веднаш штом го послужите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.