Принцезата Мери воодушевила со изборот на безвременски костим за капење: Се појавила на плажа како вистинска дама

Погледнете

Принцезата Мери била фотографирана на Палм Бич со пријателите и децата додека уживала во сончевите денови

Принцезата Мери важи за добро облечена дама која внимава што носи и во кои пригоди. Откако се најде во центарот на вниманието, не можеме да ја видиме во лоша модна комбинација. Така било и сега кога се прошетала на плажа облечена во маслинесто зелен едноделен костим за капење.

Додека на главата носела сламен шешир, а преку рамената бела ленена кошула, принцезата Мери изгледала како вистинска дама.

Да се потсетиме, Мери Елизабет Доналдсон е родена на 5 февруари 1972 година во Хобарт во Австралија, како најмладото од четирите деца на шкотскиот професор по математика Џон Доналдсон и секретарката на факултет Хенриета Кларк Доналдсон. Како врвна спортистка, таа била една од најпознатите ученички во својата генерација во средно училиште, била дури и капитен на женската хокејашка екипа, како и на пливачкиот тим, а одлично ѝ одело и јавањето. Покрај тоа, се занимавала со музика, па денес свири клавир, флејта и кларинет.

Пред да отпатува во Данска и да ја прифати новата работа, нејзиниот живот се променил кога во хотелското кафуле во Сиднеј за време на Олимписките игри во октомври 2000 година, запознала младич кој се претставил како Фред. Во кафулето пристигнале секој со своето друштво, а ги запознал внукот на шпанскиот крал Бруно Гомез-Асебо. До крајот на вечерта Мери и Фредерик биле толку задлабочени во разговорот што не ги ни забележувале другите околу себе.

„Нашата прва средба беше едноставна. Немав поим дека тој е дански принц. Половина час подоцна некој ми пријде и ме праша дали воопшто знам кои се тие луѓе“, се присетила данската принцеза.

Дури во април 2003 година официјално ја признале врската.

И покрај тоа што морала да исполни многу барања за да влезе во данското кралско семејство, Мери не размислувала ни за миг. Пред да се омажи, морала да се откаже од австралиското државјанство, како и од презбитаријанската вера и да ѝ се приклучи на данската евангелиска лутеранска црква, да научи дански јазик, како и однапред да се откаже од старателството над нивните идни деца во случај на развод.

Најдобро облечената аристократка во Европа во неодоливо издание: Со оваа отмена комбинација ја засенила и принцезата Шарлин!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.