Неверојатно шик, а се стилизира за миг: Зендаја има нова фризура што магазинот „Вог“ ја прогласи за најдобра за 2023 година!

Како ви се допаѓа?

Сѐ што ќе направи Зендаја станува тренд број 1, па така и новата фризура

Боб-фризурата суверено владее веќе неколку години наназад.

Фризерот на познатите Лук Хершесон отишол дотаму што ја прогласил за најголем тренд и за следната година, пишува магазинот „Вог“. Оваа фризура воодушевено ја прифатиле многу ѕвезди, како Хелена Кристенсен, Дуа Липа и Каја Гербер, а сега им се придружила и Зендаја – која доминира со оваа фризура.

На еден настан во Лос Анџелес, 26-годишната актерка се појавила со краток боб и така го привлекла вниманието на јавноста. Патецот на страна и големиот волумен е новата фризура на Зендаја, а неодоливо потсетува на оние ретро-фризури од 1950-тите години.

Иако е инспирирана од фризура што се носела во минатиот век, Зендаја изгледа многу модерно, па така оваа фризура прекуноќ стана најпребаруваната на Интернет. И магазинот „Вог“ го дал своето мислење, а тоа е дека ова е најубавата фризура за 2023 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hadassah✨ (@zendayacolman1996)

Исто така, во оваа пригода Зендаја уште еднаш покажала дека е кралица на стилот. Облекла црна блуза со бисерни копчиња и миди карирано црно-бело здолниште со потпис на брендот „Скјапарели“. Целиот овој стајлинг го зачинила со познатите обувки на Кристијан Лобутин.

Како ви се допаѓа новата фризура на убавата актерка?

Со црвен кармин и краток фустан: Погледнете ја фризурата која Џенифер Лопез ја предлага за празниците (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.