Со црвен кармин и краток фустан: Погледнете ја фризурата која Џенифер Лопез ја предлага за празниците (ВИДЕО)

Нега на коса

Подмладено и празнично, оваа фризура можете да ја направите сами дома.

Фризерот Крис Еплтон има работено со многу познати личности во Холивуд, а особено е познат по фризурите на Ким Кардашијан, Џенифер Лопез и Аријана Гранде. Покрај фризурите за црвениот тепих и за снимање, таа знае да ги израдува своите следбеници со видео како се прави некоја конкретна фризура.

Во најновото видео кое го објави на Инстаграм, Џенифер Лопез се појавува во црвен фустан. На усните носи кармин во иста боја, па изгледа многу елегантно и во духот со претстојните празници. Крис во оваа прилика и` направил фризура на Џенифер, која е идеална за божиќните и новогодишните празници. Тој ја исчетка нејзината долга коса и ги завиткува врвовите, а потоа го влече горниот дел во високо опавче, го завиткува околу праменот од косата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1)

Предниот дел е измазнет, ​со што го заокружи целиот изглед, а со кренатата коса Џенифер изгледа многу подмладено и разиграно.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.