Најдобро облечената аристократка во Европа во неодоливо издание: Со оваа отмена комбинација ја засенила и принцезата Шарлин!

Дамски стил

Најдобро облечената аристократка во Европа, Беатрис Боромео, во неодоливо издание успеала да ја засени и принцезата Шарлин

Во саботата Монако го обележа Денот на државноста, додека припадниците на кралското семејство се обрале пред катедралата Свети Никола во Монте Карло и на традиционален начин го обележале овој ден.

Познато е дека принцезата Шарлин привлекува внимание каде и да се појави, но овој пат се нашла во сенка на Беатрис Боромео. Инаку, Беатрис му е сопруга на Пјер Казираги, најмладиот син на Каролина од Монако, кој воедно е ѝ внук на Грејс Кели.

Беатрис покажала зошто се разликува и издвојува од другите облекувајќи впечатлив, црвен комплет што се состои од долго здолниште и сако. Големиот шешир во бордо боја ја подигнал целата комбинација на повисоко ниво. Дискретниот накит и шминката ја направиле посебна.

Минатата година, Беатрис ја понела титулата најдобро облечена аристократка во Европа, а овој пат и ја потврдила таа титула. Не е ни чудо што аристократката секогаш е елегантно и софистицирано облечена, со оглед на тоа што има благородно потекло. Имено, таа потекнува од угледно и влијателно италијанско семејство со плава крв, додека еден од нејзините предци е надбискуп.

Интересно е што со монохроматски стајлинг во истата боја, големо внимание привлекла и жената на катарскиот емир, која го засенила отворањето на Светското првенство во фудбал.

Жената на катарскиот шеик го украла сето внимание на отворањето на првенството: Сите воодушевено гледале во фустанот стар 12 години
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.