Бело и црно варено вино за долги зимски ноќи

Рецепти

Основен празничен пијалак за долгиве зимски ноќи секако дека е вареното вино. Иако прославата за дочек на Новата година е зад нас, се’ уште сме во празнично расположение и ја користиме оваа зимска атмосфера барајќи рецепт за совршено варено вино. И најдовме два рецепта за два видови на варено вино.

mulled wine post 3

Некои сакаат повеќе црно, некои бело вино, а ние ви претставуваме рецепти за двете варијанти, за да може секој да ужива во овој драгоцен зимски пијалак.

И црното и белото вино се зачинети со јаболков сок, ванила и овошје. Црното е засладено со јаворов сируп, додека пак белото е засладено со комбинација на мед и ѓумбир. И двете варијанти се одлична комбинација на вкусови.

mulled wine post 2

Двата видови на вино сервирајте ги со стапче цимет наместо со обична сламка и со парчиња овошје. Ефектот е загарантиран.

Состојки за бело варено вино: 

1 шише суво бело вин, на пример шардоне
1 1/2 шолја јаболковина
1/3 шолја мед
1/3 шолја брусница
1 исецкан портокал
1 исецкана јаболка
4 стапчиња цимет
1 прстофат ванила
1 чајна лажица каранфилче
1 парче (големина на една чајна лажица) ѓумбир

Состојки за варено црно вино:

1 шише полусуво црно вино, на пример каберне
2 шолји јаболковина
1/3 шолја јаворов сируп

1/3 шолја брусници
1 исецкан портокал
1 исецкана јаболка
4 стапчиња цимет

4 ѕвезди анис
1 прстофат ванила
1 чајна лажица каранфилче

mulled wine post 1

Состојките за едниот и другиот рецепт заедно одеднаш измешајте ги и ставете ги на тивок оган да се варат. Штом виното ќе почне да врие изгасете го оганот. Сервирајте го со наведените состојки и немојте да заборавите стапче цимет наместо сламка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.