Јапонска кајгана: Ова е највкусниот начин на приготвување јајца!

Мора да пробате!

Воздушеста текстура и неодолива комбинација на вкусови

Состојки:
  • 4 јајца
  • 1 лажичка оризово вино за готвење
  • 2 лажички соја-сос
  • прстофат шеќер
  • малку супа од кесичка разматена во многу малку вода (доволна е една лажица)
  • малку путер
Приготвување:

Јајцата, оризовото вино, шеќерот и супата разматена во вода, измешајте ги во подлабок сад, но внимавајте да не ви се направи пена.

Во тавче растопете малку путер на средна температура и сипете околу третина од смесата. Кога смесата ќе се зацврсти малку, со помош на стапче завиткајте ја во ролат кон средината. На празниот простор во тавчето сипете половина од преостанатата смеса, па кога ќе се зацврсти, завиткајте ролат наназад. Повторувајте го тоа додека ја потрошите целата смеса од јајца.

Внимавајте јајцата добро да се испечат!

По желба, додека смесата од јајца се’ уште ровка, сипете малку рендан кашкавал или издробено сирење – ќе биде уште повкусно!

Вака изгледа процесот на подготовка:

https://www.instagram.com/p/BgTj48tFZlK/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.