Колач од само три состојки: Погледнете зошто овој десерт е најпопуларен на Интернет веќе 7 години!

Совршенство без мана

Добриот колач никогаш не се заборава

Некои го викаат чизкејк, други велат дека тоа е јапонски колач од сирење. Без оглед на името, овој десерт владее на Интернет речиси седум години.

За да го направите овој колач, ви требаат само 3 состојки: јајца, темно или бело чоколадо и кремасто сирење.

Состојки:
  • 3 јајца
  • 120 г бело (или темно чоколадо)
  • 120 г кремасто сирење
Приготвување:

Прво треба да ги одвоите белките од жолчките и да ги ставите белките во фрижидер. Потоа, загрејте ја рерната на 170 степени и стопете го чоколадото на пареа. Изматете ги белките во цврст снег, па одвоено изматете ги жолчките.

Стопеното чоколадо измешајте го со кремастото сирење додека добиете рамномерна смеса и потоа додајте ги жолчките, па белките. Намрсете хартија за печење, па ставете ја во калап за колач и сипете ја смесата.

Калапот ставете го на поголем плех за печење во кој треба да сипете врела вода и потоа сето тоа внимателно ставете го во рерна.

Колачот прво печете го 15 минути на 170 степени, а потоа уште 15 минути на 160 степени. Исклучете ја рерната и оставете го колачот да се пече уште 15 минути. Уживајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.