10 знаци дека некој постојано мисли на вас: Ништо не е случајно!

Верувања

Нашата потсвест може многу да ни каже, само треба да научиме да ги читаме знаците

Кога емоционално ќе се врземе за друга личност, помеѓу нас настанува невидлива врска. Дури и ако не сме повеќе блиски и не разговараме со таа личност, можеме да ја почувствуваме нејзината тага или среќа.

Како можете да знаете дали таа личност мисли на вас? Еве неколку знаци…

1. Неочекуван наплив на емоции

Замислете ситуација во која убаво си поминувате, а во следниот момент ве растажува некоја ситница. Имате наплив на емоции и се чувствувате чудно. Големи се шансите дека во тие моменти некој ваш близок разговара или размислува за вас. Тоа може да е вашиот партнер или стар пријател.

2. Сте сонувале некого

Можеби никогаш досега не сте го сонувале тој познајник или пријател, но синоќа се појавил во вашите соништа. Можете да почувствувате што таа личност мисли, што прави, како зборува. Најверојатно е дека неговото појавување во вашите соништа е поврзано со тоа што тој мисли за вас и дека се обидува да ве контактира преку сонот.

3. Желба да бидете поблиски

Многу луѓе веруваат дека не’ спојува судбината. Всушност се вљубуваме бидејќи потсвесно чувствуваме дека таа личност мисли на нас и може да ги задоволи нашите потреби. Тоа објаснува зошто бараме начин да го внесеме тоа во својот живот и да ја намалиме далечината меѓу нас. Па, ако одредена личност постојано е во ваша близина, тоа е сигурен знак дека мисли на вас и несвесно посегнува по вас.

4. Долга насмевка

Обрнете внимание на тоа што правите кога ќе сретнете стар пријател кого долго не сте го виделе. Се насмевнувате и насмевката ви останува на лице подолго од 10 секунди. Личноста која често мисли на вас, ќе разговара со вас поинаку одошто со останатите.

5. Таа личност често е во вашето видно поле

Личноста која мисли на вас, сака да биде блиску до вас. Па затоа, често ќе ја гледате наоколу. Обрнете внимание на тоа кој е најчесто во вашето опкружување.

6. Стапалата на таа личност секогаш се насочени во ваш правец

Стапалата природно се движат во правецот во кој сакаме да одиме. Постои потсвесна врска помеѓу нашите намери и правецот што го покажуваат стапалата. Ако сте во друштво на луѓе, стапалата секогаш ќе ви бидат насочени кон оној што ви е симпатичен.

7. Се интересира за вашите пријатели

Личноста на која и’ се допаѓате, ќе се интересира и за вашите пријатели.

8. Доаѓа кај вас без причина

Кога некому сте му симпатични, таа личност ќе бара начин да ви го привлече вниманието. Ќе сака да дојде кај вас, дури и ако нема објективни причини за тоа.

9. Ви горат ушите

Старото народно верување вели дека ако ви горат или ве чешаат ушите, некој зборува за вас. Ако ве чеша левото уво, некој ги дискутира вашите недостатоци. Ако ве чеша или гори десното уво, за вас зборува некој што ве сака.

10. Ненадејно кивање

Повторно народното верување вели дека ненадејното кивање значи дека некој ве спомнува.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.