Овој хороскопски знак течно говори 5 јазика: Мајчин, вулгарен, саркастичен, реален и љубовен, а понекогаш и странски!

Прочитајте!

Единствениот хороскопски знак што го крие своето расположение за да не го расипе туѓото

Терезиите не можат да функционираат во хаос и негативност. Најголемиот подарок што можете да и’ го дадете на Терезијата е вашето време и љубов. Имаат мека романтична душа и носат многу љубов и мир. Но ако ги провоцирате, на површина може да избие нивната невидена безобѕирност.

Тие се исто така немилосрдни кога станува збор за спроведување правда. Ако имате Терезија во животот, не дозволувајте да ја изгубите, бидејќи овој знак има силен карактер.

Најмногу ја повредува разочарувањето од личноста за која мислела дека никогаш нема да ја повреди.

Ви ги претставуваме 20-те животни принципи во кои ќе се препознае секоја Терезија…

1. Претерано размислување. За секоја ситуација имаат 10 можни сценарија пред навистина да се случи.

2. Никогаш не можете со сигурност да знаете што се случува во нивната глава, бидејќи и самите честопати водат битка со себе.

3. Може да имаат 100 обожаватели, но ним тоа воопшто нема да им биде важно, бидејќи кога имаат човек што го сакаат, нивните очи го гледаат само него.

4. Не можат да живеат без музика. Уживаат во шопинг. Обожаваат луѓе кои не се плашат да им покажат дека се заинтересирани.

5. Кога се чувствуваат тажно, има треба некој што ќе им одврати мислите, но и некој што ќе ги натера да се соочат со своите проблеми.

6. Најголемата слабост им е тоа што ги занемаруваат своите потреба за сметка на туѓите.

7. Најубаво се чувствуваат кога ќе запознаат нова личност и веднаш ќе најдат заеднички интереси.

8. Ако Терезијата почувствува дека ја сакате, ќе ви биде достапна 24/7 и секогаш ќе се бори за љубовта.

9. Сите имаат проблеми, но Терезијата знае подобро да ги скрие. Не сакаат нивните чувства да влијаат врз расположението на луѓето околу нив.

10. Кога некој се обидува да ги импресионира, најважна им се малите, навидум безначајни работи, кои може да се невидливи за останатите.

11. Во себе носат многу болка, но секое утро се будат со насмевка на лицето.

12. Најбрзиот начин да ја извадите Терезијата од такт е да и’ кажете нешто што би ја вознемирило.

13. Мразат непристојни и себични луѓе. Мразат кога луѓето ги туркаат и избрзуваат со донесување одлуки. Сакаат да им помогнат на другите, но многу ги нервираат луѓе што постојано бараат услуги и никогаш не ги возвраќаат. Исто така, не поднесуваат луѓе кои ја злоупотребуваат добрината, како ни такви што создаваат хаос во животот на Терезијата.

14. Некој мора да е многу арогантен за Терезијата да не комуницира со него. Но штом Терезијата престане да разговара со некого, тој однос се прекинува засекогаш.

15. Хармонијата е нивната најголема потреба. Негативноста им го убива расположението.

16. Течно говорат најмалку 5 јазика: мајчин, вулгарен, саркастичен, реален и полн со љубов, а понекогаш и странски.

17. Имаат многу брилијантни идеи, но им треба вечност да ги остварат. Ги одложуваат работите како никој друг.

18. Не сакаат да играат игри. Едноставно е: или сакате или не сакате да бидете со нив.

19. Ако не разговараат со некого, тоа може да биде од две причини: или не им се допаѓа или не му веруваат.

20. Мотото на Терезиите е: не ми требаат луѓе на кои јас не сум им потребна.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.