Гаспачо ладна супа од домати: Готова за 15 минути, освежува како сладолед

Пробајте!

Направете го овој познат шпански специјалитет и уживајте во освежувачката магија на вкусови

Состојки:
  • 3-4 зрели домати со средна големина
  • 1 зелена пиперка
  • 1 мала краставица
  • ¼ главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 парче стар леб
  • 2 лажици оцет
  • 100 милилитри маслиново масло
  • сол
  • бибер по вкус
  • ½ лажичка ситно исечкана лута пиперка
  • ладна вода по потреба

За послужување:

  • ситно исечкан домат
  • 1 краставица
  • препечен леб по вкус
Приготвување:
  • Излупете ги доматот, кромидот, лукот и краставицата и измијте ја пиперката.
  • Во блендер ставете резанка стар леб издробена на парчиња, сипете малку вода за да се натопи лебот, додајте маслиново масло и оцет, па додајте кромид и лук.
  • Измешајте за да добиете паста.
  • Додајте краставица од која сте ги отстраниле семките, пиперка и домат исечени на парчиња и блендирајте додека не се измеша сето тоа.
  • По потреба додајте вода за да добиете густина на супа што ви одговара.
  • Посолете, зачинете со бибер и додајте луто пиперче по вкус.
  • Оладете ја супата во фрижидер пред послужување. Може да додадете и по некоја коцка мраз за да го забрзате ладењето.
  • Послужете ја супата со додаток ситно сечкан зеленчук или парчиња препечен леб.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.