Ако сакате лута храна, задолжително пробајте го овој рецепт
Состојки:
- 50 милилитри маслиново масло
- 200 грама кромид
- 2 чешниња лук
- 1 конзерва пелати
- сол
- лута мелена пиперка
- половина лажичка шеќер
- малку бибер
- 6 маслинки полнети со пиперка
- 400 грама шпагети
- 4 лажици рендан пармезан
Приготвување:
На загреано масло ставете кромид исечкан на резанки и ситно сечкан лук, па пржете додека не добие златна боја. Додајте исечкани пелати, лута мелена пиперка, шеќер и бибер. Загревајте на тивок оган околу половина час и повремено мешајте. Потоа, додајте ги маслинките исечкани на крукчиња и загревајте уште малку.
Сварете ги шпагетите во малку посолена зовриена вода. Исцедете ги тестенините и прелејте ги со приготвениот сос. На крај, наросете со пармезан.