Овошен тарт со банани: Освежувачки вкус што не се заборава

Ќе се воодушевите

Направете го овој десерт, сигурно ќе ви се допадне

Состојки:
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 2 пудинга од слатка павлака
  • шеќер за пудинг
  • 500 грама банани
  • 100 грама мелени бисквити
  • 50 грама кокос
  • 1 готово лиснато тесто
  • 200 милилитри слатка павлака
  • 1 литар млеко
Приготвување:
  • На плех со пречник од 22 сантиметри ставете хартија за печење, па развлечете го тестото и печето го на 200 степени Целзиусови околу 25 минути.
  • Сварете ги посебно двата пудинга во млеко и засладете ги по вкус. Во чоколадниот додајте мелени бисквити, а во светлиот додајте кокос и добро измешајте.
  • Во калапот сипете го чоколадниот дел, па наредете цели банани, а одозгора светлиот пудинг и добро израмнете.
  • Кога ќе се олади ставете ја изматената слатка павлака.
  • Оставете го колачот да се лади 2-3 часа во фрижидер и послужете го.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.