Познатите дами покажаа кои костими за капење мора да ги имате ова лето!

Автентични и неповторливи!

Познатите секогаш ги предвидуваат трендовите

По долг период превртливи временски прилики конечно деновите станаа потопли, а многумина тоа веднаш го искористија за првото овогодишно бањање на море или во базен.

Ако досега сте го одложувале купувањето на нов костим за капење, време е да се почастите со барем еден нов примерок во кој гордо ќе се шетате на плажа.

Сепак, ако не сте ги провериле трендовите за претстојната сезона, доволно е да фрлите поглед на инстаграм-профилите на омилените славни дами и ќе ви стане јасно кои се моделите костими за капење што мора да ги имате ова лето.

Ова се нашите фаворити…

Ким Кардашијан секогаш ги цени интересните и необични дизајни, па не изненадува фактот што нејзиниот едноделен костим за капење изгледа поинаку од сите оние што сте ги виделе досега.

https://www.instagram.com/p/BxAbFUSnZE6/?utm_source=ig_embed

Едноделни костими за капење обожава и супермоделот Јасмин Тукс, но за разлика од Ким Кардашијан таа предност им дава на оние со прилично храбро деколте.

https://www.instagram.com/p/BsOpiI5gDON/?utm_source=ig_embed

Кајли Џенер веќе потврдила дека токму овој модел на костим за капење ќе биде главниот тренд ова лето. Станува збор за костим чиј горен дел наликува на кроп-топ, додека долниот дел има подлабоки резови, па го открива таканареченото деколте на колковите, а прилега на секој облик на тело.

https://www.instagram.com/p/BygUNTyHJLc/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.