Појадок што вашите деца ќе го обожаваат: Направете им сендвич во облик на срце (ВИДЕО)

Рецепт

Одлична идеја со која можете да ги израдувате своите деца или внуци.

Ова утро, од кујната на нашите баби ни пристигна одлична идеја за појадок, со кој можете да ги изненадите своите најмили. Потребни ви се само неколку состојки и малку магија.

Потребно е:

2 тенки колбаси или виршли

100 г рендана шунка

малку рендан кашкавал

2 јајца

масло

Приготвување:

Исечете ги колбасите по должина и на средина, но горе оставете мал дел. Исечениот колбас го превртуваме наопаку за да обликуваме срце како на видеото. Поврзете ги краевите со чепкалка. Колбасот во форма на срце пропржете го од едната страна и превртете го.

На дното на срцето ставете малку рендан кашкавал за убаво да зарумени. Одозгора ставете рендана шунка и малку сечкан колбас. Притиснете малку со шпатула и превртете по неколку минути.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.